Принцот Вилијам се подготвува за трансплатација на коса

Принцот Вилијам се подготвува за трансплатација на коса, открива извор близок до кралското семејство. Според пишувањата на британските медиуми, Вилијам се чувстува несигурно и веќе со месеци размислувал да си пресади коса.

Кејт го молела да се премисли и постојано му говорела дека го сака таков каков што е. Но, Вилијам е решен операцијата да ја направи во мај.

„Многу е возбуден и среќен што конечно ќе го реши проблемот со недостатокот на коса, нешто што го оптоваруваше многу. Кејт мисли дека ќе биде смешно кога наеднаш ќе се појави во јавност со густа коса. Но, го разбира дека е оптоварен со тоа и сака да му биде поддршка“, открива изворот.

За потетување, Вилијам како дете имаше густа коса. Почна да ја губи во доцните деведесетти, а брат му Хари се пошегувал дека Кејт му се пожалила што се омажила за ќелав маж.

 

 

Scroll to Top