Американскиот таблоид Ти-ем-зи пишува дека провалник влегол во куќата на Ријана во Лос Анџелес со надеж дека ќе има секс со неа.
Едуардо Леон бил уапсен откако нејзиното обезбедување забележало дека на имотот има непознат маж, па повикале полиција. 26-годишниот маж на полицијата и рекол дека има најдобри намери и дека само сакал да има секс со Ријана. Според полицискиот извештај, Леон ги исклучил алармите, украл накит, па го ставил телефонот на полнач. Потоа почнал да се расоблекува и чекал да се појави Ријана. Истиот маж бил уапсен на 4 мај поради провалување во друга куќа, за која мислел дека е куќата на Ријана.
Во времето на инцидентот Ријана не била во Лос Анџелес.