Рајан Рејнолдс донираше 20.000 евра за болно девојче

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс и неговиот колега Роб Мекелени донираа 20.000 евра за помош на четиригодишното девојче Ариј Ходкинс, која се бори со редок тумор на мозокот, пренесе Би-би-си.

За Ариј беше отворена GoFundMe сметка која беше наменета за трошоците на нејзиното лечење. Недостигаа 20.000 фунти за да се собере потребната сума од 60.000. Актерите одлучија да помогнат и ја уплатија потребната сума.

На Ариј ѝ е дијагностициран облик на тумор кој не реагира добро на хемотерапија.

„Плачам од среќа. Не можам да верувам дека донираа. Неверојатно е“, рече мајка ѝ Мелани.

За Рајан ова не е прва хуманитарна акција во која учествувал. Со сопругата Блејк Лајвли донираа милион долари во непрофитните организации Feeding America и Food Banks Canada, кои се грижеа за оние кои најмногу беа погодени од коронавирусот.

За потсетување, тие ја поддржаа и Украина и учествуваа во донации преку вен-страници, а за секој уплатен долар за украинскиот народ, тие го даваа истиот износ.

 

Scroll to Top