Раката на газ и Бен Афелк конечно насмеан излезе на фотографија

Џенифер Лопез на „Инстаграм“ објави слика од одморот со Бен Афлек на кој глумецот ја фати за задник. Овој пат е насмеан што е реткост кога се во прашање моментите со Џенифер. Бен Афлек секогаш излегува намќор, а таков епитет носи и во Холивуд.

Така беше и за денот на татковците, кога пејачката објави негова фотографија од под туш. Но, иако намоќор фановите му коментираа дека изгледал секси.

За Бен вели дека и двајцата се во среќен брак, откако се венчаа минатата година иако неколку пати беа видени јавно како се расправаат.

Се верија и пред 20 години, но се разделија пред самата венчавка. Оттогаш Џенифер беше во неколку врски, а таблоидите ја споредуваа со Елизабет Тејлор поради честите промени на партнерите. На крајот пак му се врати на Бен со кого веќе ужива повеќе од една година.

 

 

Scroll to Top