Раперот Треј Сонгз петти пат обвинет за силување

Неименуваната жена, која во судските записи е наведена како Џејн До, го обвини американскиот рапер Треј Сонгз дека ја силувал на забава во 2016 година во Вест Хилс, Калифорнија. Таа од него бара 20 милиони долари оштета, пренесуваат странските медиуми. Воедно, ова е петто обвинение за сексуално насилство за раперот и трето што доаѓа на суд.

Таа тврди дека имала неформална и „повремено сексуална“ врска со раперот, но работите добиле пресврт кога тој ја силувал во март, 2016 година. Според судските документи, таа побарала итна медицинска помош по по инцидентот, каде се здобила за брутални повреди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by treysongz (@treysongz)

Според тврдењата на обвиниетелот, Сонгз, чие вистинско име е Тремејн Неверсон, се претворил во „див силувач“ откако влегле во спалната соба. За време на силувањето, жената наводно „врескала од болка“ и го „молела“ да престане. По нападот, таа веднаш побегнала од куќата и со такси се упатила кон блиската болница, каде ја прегледале и повикале полиција.

Првично таа не го именувала раперот како нејзин наводен силувач, бидејќи според наводите во тужбата, таа била „во шок и се плашела за својот живот“. Следниот ден, кога полицијата ја посетила во нејзиниот дом, таа не ја отворила вратата, пренесува Пипл.

Во тужбата се наведува дека жената се соочила со депресија, вознемиреност, понижување и други работи по инцидентот и го тужи за сексуален напад, кршење на законите за родово насилство, намерно нанесување емоционална вознемиреност, несовесно нанесување емоционална вознемиреност и лишување од слобода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by treysongz (@treysongz)

Од друга страна, пак, портпаролот на Раперот во изјава за TMZ ги негираше овие обвинувања.

„Наводите во оваа тужба се лажни. Треј со нетрпение очекува фактите да бидат целосно обелоденети. Претходно денеска, адвокатот кој ја подготвил оваа тужба бил обвинет дека се обидел да и` плати на жената за лажно да го обвини Треј. Неколку часа подоцна, истиот тој адвокат поднел барање за тужба во име на анонимна клиентка. Не е тешко да се види што се случува овде и срамота е за вистинските жртви на сексуалниот напад“, изјави тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by treysongz (@treysongz)

Претходно го тужеа Јаухара Џефрис и поранешната кошаркарка на Универзитетот во Лас Вегас, Дилан Гонзалес. Додека во 2020 година, извесна Ализа го обвини дека ѝ ги одзел телефонот и чантата и не ѝ дозволил да ја напушти хотелската соба, по што уринирал врз неа за време на консензуалениот сексуален однос.

Во 2017 година, актерката Кеке Палмер, пак, изјави дека Сонгз користел „сексуално заплашување“ за да ја натера да се појави во музичко видео.

Scroll to Top