Расел во својата емисија опиша што се случило со Оконор и нагласи дека на нејзе, како и на сите луѓе со психички проблеми, најпотребни ѝ се љубов и поддршка.
Веднаш потоа се огласи Шинејд, која му одговори на бизарен начин.
„Порака за Расел Бренд, извини ако погрешно ти го напишав името. Фала ти многу за твојата прекрасна поддршка. Секогаш сум очекувала некоја поврзаност со тебе. Можеш да ми помогнеш во добро *****, искрено. Последниот маж кој го допираше моето тело ги извади моите репродуктивни органи пред две години. Па, ако навистина сакаш да бидеш дел од моето оздравување, ајде, навали на мене шефе“, напиша пејачката на својата фејсбук-страница.