Расел Кроу и неговата сопруга Даниел се разведуваат, а актерот реши да продаде повеќе предмети кои со години ги сбирал и тоа на аукција во Сотби под наслов „Уметност на разводот“.
На аукцијата ќе се најдат околу 200 предмети, а се одржува симболично на неговиот роденден и годишнина од брак, 7 април.
Меѓу предметите има уметнички дела на австралиски автори, гитари од бендот 30 Odd Foot Of Grunts, но и глава од диносаурус и заштитни гаќички за бокс.
Вредноста на кожните заштитни гаќички од филмот “Cinderella Man” е околу 500-600 долари, а вредноста на виолоната од “Master and Commander” е 110-140.000 долари.
Има и дел од столица на која седел Дензел Вашингтон за време на снимањето на “American Gangster” која се продава меѓу 400 и 600 долари, слика од мајмун од 1964 година насликана од Сидни Нолан, проценета на 30 -50.000 долари. Костим на темплар од филмот “Robin Hood” (15.000-25.000 долари), акустична гитара (300-500 долари), два пиштола од 18 век (5.000-8.000 долари), како и глава од Мозасаурус (35.000-45.000 долари)