Расел Кроу сака да ја заборави поранешната сопруга

Оскаровецот Расел Кроу организирал ауција на која ќе продаде 223 предмети кои го потсетуваат на поранешната сопруга Даниела Спенсер со која поминал десет години во брак.

„Процесот на развор. Без оглед на тоа колку позитивен човек си, многу е тежок. Додека минував низ целиот тој стрес, се прашував како е можно да го прославувам овој период, затоа што од секоја тагаа, треба да се извлече малку среќа“, изјавил актерот за британски Дејли Мејл.

Ауцијата ќе се нарекува „Уметност на разводот“, а вкупната вредност на работи кои ќе се продаваат е 3,6 милиони долари. Аукцијата ќе трае до 7 април, кога Расел Кроу ќе слави роденден, но и годишнина од бракот со поранешната сопруга.

„За време на разводот сватив дека имам многу работи. Многу кутии од се и сешто. Сакав да направам место во својот живот“, објаснил тој.

Во продажба ќе се најдат накит, уметнички дела од поранешната сопруга, но и маска од Мохамед Али, два дрвени скулптурни коња, кои се користеле за потребите на филмот „Гладијатор“, виолина од 1890 година, која била во филмот „Господар и заповедник“ и уште многу други предмети.

Поранешните сопружници се запознале пред 28 години на снимањето на филмот „The Crossing“, но дури по врската со актерката Мег Рајан, тој сватил дека Даниела е вистинската жена за него.

Кроу и Спенсер од бракот имаат две деца, петнаесетгодишниот Чарлс и дванаесетгодишната Тенис. Двојката се има венчано во 2003 година, во капелата на неговиот ранч, по што се преселиле во вилата во отменото предградие Роус Беј во Сиднеј. Се разделиле пред пет години поради преголемиот број на актерски обврски и раздвоеноста од семејството, а разводот дури неодамна беше конечно и официјализиран.

 

 

 

Scroll to Top