Епската историска драма „Гладијатор“ на Ридли Скот од 2000 година беше номинирана за 12 Оскари, освојувајќи четири, вклучувајќи ја и најдобрата машка улога. Во 2001 година, Расел Кроу беше прогласен за најдобар актер.
Во оригиналниот филм, оскаровецот играше поранешен генерал кој сака да му се одмазди на корумпираниот император Комодус (Хоакин Феникс), кој го убил неговото семејство и го испратил во ропство. Во едно неодамнешно интервју, актерот коментираше како се чувствува за снимањето на продолжението и откри дека не е толку среќен.
„Малку ми е непријатно поради фактот што прават уште една, бидејќи, се разбира, мојот лик е мртов и немам збор за тоа што ќе се прави. Но, неколкуте работи што ги слушнав, бев како „не, не, тоа не е дел од моралното патување“ на тој конкретен лик.
Поминаа повеќе од дваесет години од оригиналниот филм, а веста за снимањето на продолжението беше објавена веќе во 2021 година. Сепак, дури минатата година беше откриено дека главната улога ќе ја толкува ирскиот актер Пол Мескал, познат по улогите во Aftersun, Normal People и All of Us Strangers.
Во продолжението, кое би требало да се прикажува во кината на крајот на ноември 2024 година, Мескал ја презема улогата на Луциус, кој во оригиналниот филм беше претставен како внук на императорот Комодус. Заедно со него, во продолжението играат и Педро Паскал, Дензел Вашингтон, Џозеф Квин и Кони Нилсен, која се враќа од оригиналниот филм како мајка на Лусиус.