Моделот Џиџи Хадид и поранешниот пејач на One Direction, Зејн Малик, преку социјалните мрежи соопштија дека по две години веќе не се заедно. Двајцата напишаа емотивни пораки за раскинувањето, а таблоидите веднаш пренесоа дека Зејн ги отследил и Џиџи и нејзината мајка Јоланда од „Инстаграм“.
„Џиџи и јас имавме неверојано значајна, грижлива и забавна врска, а јас имам голема почит и обожавање кон неа. Таа има неверојатна душа. Благодарен им сум на сите наши фанови што ја почитуваа оваа наша одлука и нашата приватност во овој период. Посакуваме оваа вест прво ние да ја испратевме до вас. Ве сакаме сите“, напиша Малик.
Бргу потоа и Џиџи испрати порака до јавноста.
„Соопштенијата за раскинување често изгледаат како да се роботски бидејќи навистина не постои начин да се опише што две лица искусиле заедно во текот на неколку години, не само во врската, туку и во животот воопшто. Засекогаш ќе бидам благодарна за љубовта, времето и животните лекции што ги делевме со Зејн. Не сакам ништо друго, само најдоброто за него и ќе продолжам да го поддржувам како пријател за кого имам огромна почит и љубов“, напиша Џиџи.