По неколку месеци врска, Џастин Бибер и Селена Гомез повторно раскинаа. Тие беа последен пат видени заедно на венчавката на таткото на Џастин.
Таблоидите во Америка пишуваат дека причината за раскинувањето е мајката на Селена, Минди, која не го сака Џастин и смета дека не е доволно добар за нејзината ќерка. Според пријатели блиски на Селена, Минди не е виновна што пејачите „се на пауза“. Тие велат дека Селена побарала од Џастин да бидат малку разделени за да сфатат дали се еден за друг. Истиот извор додал дека двајцата постојано се карале и смирувале, па дека може веќе и да се заедно, а да го кријат тоа.