Разведените Гвинет Палтроу и Крис Мартин заедно славеа матура на ќерката

Ќерката на Крис Мартин и Гвинет Палтроу, Епл, прослави матура, а на церемонијата со неа беа и нејзините родители, кои се разведоа пред шест години. Дека заедно ја прославија матурата на ќерката откри Гвинет, која објави селфи со поранешниот маж и 18-годишната ќерка.

„Им честитам на сите матуранти, но најмногу на Епл“, напиша 49-годишната актерка.

Гвинет и Крис беа во брак од 2003 година до 2016 година. Освен Епл, тие го имаат и синот Моузес (16). Иако одамна не се заедно, тие останаа во добри односи и често организираат домашни ручеци, забави, а беа заедно и на летување. По разводот, Крис почна врска со актерката Дакота Џонсон, а Гвинет во 2018 година се омажи со Бред Фалчук.

 

 

Scroll to Top