Реакции на холивудските актери по масакрот во Тексас

Холивудските глумци се јавија со реакции по масакрот кој се случи во основното училиште во Тексас, во кој тинејџер уби 19 деца и двајца наставници.

„Уште еднаш трагично докажавме дека не успеваме да бидеме одговорни за правата кои ни ги дава нашата слобода“, рече глумецот Метју Меконахи, во чиј роден град Увалда се случи немилиот настан.

„Вистинскиот повик на акција е сега, кога секој Американец треба да се погледне во огледало и да се запраша што е тоа што навистина го цениме? Како да го поправиме проблемот? Не можеме уште еднаш да воздивнеме, да оправдаме и да ја прифатиме оваа трагична реалнсот како статус кво“, додаде тој.

Тој ги поттикна сите Американци да најдат заеднички јазик, за да се спречат масовните пукања.

„А за сите вас кои денес ги оставивте своите најмили не знаејќи дека тоа е последното збогум со нив, никакви зборови нема да можат да ја разберат или излечат вашата загуба, но ако молитвите можат да ви пружат утеха, ние ќе продолжиме да се молиме“, рече Меконахи.

Реакција имаше и од „Крис Еван“, познат по улогата на „Капетан Америка“, кој само кратко напиша на „Твитер“ дека е доста веќе од ова што се случува.

„Ако децата не се сигурни во школо, каде тогаш се сигурни?“, праша Селена Гомез која исто така потекнува од Тексас.

„Доста е. Ова мора да се промени“, рече и кошаркарот Леброн Џејмс.

Ким Кардашијан сподели графика и им порача дека ништо не се презема систематски за да се спречат ваквиte настани.

Scroll to Top