Режисер од Камбоџа е новата љубов на Анџелина Џоли

Светските медиуми на големо пишуваат за новото момче на Анџелина Џоли, камбоџискиот режисер и писател Прач Ли, со кого холивудската актерка во последно време постојано е заедно.

Откако се раздели од Бред Пит, папараците постојано ги ловеа, а медиумите пишуваа за Анџелина Џоли и ја спојуваа со повеќемина. Меѓутоа, официјално, ниту Бред Пит ниту Анџелина Џоли досега не потврди дека започнала нова врска, а светските медиуми овие денови на големо пишуваат за новата наводна романса на славната актерка.

Анџелина и Прач се запознаа минатата година преку познајникот Лонг Ун, активист за човечки права и автор на книгата според која Анџелина со режира својот филм „Прво го убија мојот татко“.

Сепак, коментарите нa нејзините блиски се различни. Едни велат дека е среќна со Ли, а други ја отфрлаат можноста за нова романса.

Инаку, Прач е 4 години помлад од Анџелина.

Scroll to Top