Режисерот ја принудувал на сцени со секс, а таа му се одмаздила на грд начин

Кејт Бекисејл упорно одбивала да снима експлицитни сцени, но режисерот не го прифаќал нејзиното одбивање па му го загорчила животот со една интрига.Познатата британска актерка Кејт Бекинсејл (44) призна дека во својата кариера му се одмаздила на еден режисер затоа што не го прифатил нејзиното одбивање да одигра одредени сцени во филмот.

Во прашање била ситуација кога режисерот барал од Кејт да се соблече и да сними експлицитни сцени.

„Еден режисер ме присили да снимам многу незгодна и непотребна сцена со секс. За одмазда, уринирав во неговиот термос“, призна актерката, но не откри за кој режисер и проект се работи.

Иако сите ја сметаат за мирна и сталожена, се чини дека Кејт баш и не е така „наивна“, иако призна дека идејата всушност не била нејзина туку на фризерот.

Scroll to Top