Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва за првпат се појавија во јавноста откако тајно добија уште едно дете. Нивното појавување беше на хуманитарна гала во Њујорк.
Гир во елегантна црно бела модна комбинација, додека неговата 34 години помлада сопруга беше облечена во темно син фустан и впечатливи обетки со реси.
Ричард во 2020 година, на негови 71 години стана татко по втор пат. Неговата сопруга Алехандра Силва (39) роди машко дете. Ова е нивниот втор син – првиот Александар, го добија во февруари 2018 година. Инаку, Ричард од претходниот брак со Кери Ловел има 20-годишен син Хомер, додека Алехандра го има 7-годишниот Алберт.