Оваа година беше уште многу успешна за Ријана, која го задржа статусот на една од највлијателните жени во поп-културата.
Ги сруши рекордите со продажбата на нејзината линија за убавина „Фенти”, ќе биде една од ретко привилегираните домаќинки на престижната „Мет гала”, беше на врвот на светските топ-листи со хитот „Wild thoughts”, а годината ќе ја заокружи со три насловни страници на француското издание на „Вог“ за декември-јануари.
Уредничката на францускиот „Вог“, Емануела Алт, ѝ отстапи дури три насловни на кои Ријана ја гледаме трансформирана во различни изданија, што за моден камелеон како неа е вообичаена карактеристика.