Само по две години од основањето на брендот за секојдневна гардероба „Фенти“, Ријана ќе се збогува со него. Модниот гигант LVMH кој стоеше зад оваа идеја, по долго размислување реши да го затвори брендот. И покрај затворањето на Fenty, луксузната групација и понатаму ќе продолжи да ги поддржува Fenty Beauty и Fenty Skin линиите, како линијата за долна облека.
Веројатно за пејачката ова е големо разочарување. Во едно интервју за „Вог“, таа изјави дека ја знае приказната на секое парче во линијата и дека секое парче би го носела, во спротивно не го одобрува неговото излегување.
Иако брендот добро помина на американскиот пазар, не може да се пофали со среќни бројки и во Европа. Освен тоа, пандемијата си го направи па голем дел од минатата година, Ријана беше отсечена од ателјето во Париз и производителите во Италија.