Ријана ќе настапи на полувремето на „Супербоул“ што ќе се одржи на 12 февруари 2023 во Глендејл, Аризона, објави Националната фудбалска лига на САД (НФЛ). Ова ќе биде прво шоу на Ријана по речиси пет години, откако во 2018 година го имаше последниот голем настап во кариерата.
Таа претходно беше поканета да пее на „Супербоул“ во 2019 година, но одби во знак на поддршка кон рагбистот Колин Кеперник, кој се соочи со бурни реакции затоа што клекна за време на изведувањето на националната химна и на тој начин протестираше против полициската бруталност врз Афроамериканците.
Лани за шоуто беа задолжени Еминем, Д-р Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар и гостинот-изненадување Фифти Сент. Претходните години на полувремето на најголемиот спортски настан во САД настапуваа и Бијонсе, Миси Елиот, Лејди Гага, „Ролинг стоунс“, Пол Макартни, Мадона, Брус Спрингстин. Џенифер Лопез со Шакира и други.
Ријана на шоуто ќе настапи со своите најголеми хитови од кариерата. Таа нема издадено нов албум од 2016 година, а во меѓувреме се занимаваше со мода, шминка и долна облека.