Пејачката Ријана е повторно заљубена, пренесува магазинот „Пипл“. По прекинот на врската со саудискиот милијардер Хасан Јемел, Ријана сега се забавува со својот колега, американскиот рапер Раким Мајерс, познат како АСАП Роки.
Двајцата биле уловени за време на една вечера во друштво на блиски пријатели. Седеле зад завесата криејќи се од љубопитните погледи на папараците, открил неименуван гостин во ресторанот.
Близок пријател до Ријана ја потврдил оваа информаија велејќи дека тие се во врска откако Ријана раскинала со милијардерот и дека набргу ќе прослават годишнина.
Ријана и Раким се добри пријатели долг период. За тоа колку се блиски, покажува и фактот што во јули годинава тој се појави во една од кампањите за нејзините линии на производи за нега на кожата – Fenty Skin поради што снимија и неколку заеднички интервјуа.
Медиумите одамна ги поврзуваа двајцата. Во 2013 година се појавија првите натписи за нивната романса, но тогаш раперот ги негира сите шпекулации.
„Не ја гледам Ријана на таков начин, иако е многу привлечна, но меѓу нас нема ништо“, изјавил Раким во едно од своите тогашни интервјуа.
За потсетување, Ријана и нејзиниот, сега веќе поранешно момче, врската ја почнаа во 2017 година и исто како и секоја нејзина врска, таа се обидувала да ја скрие од очите на јавноста. Претходно беше во врска и со ликовниот критичар Лин Лазар, а пред него беше и со помладиот пејач Крис Браун, кој во 2009 година ја претепа речиси до смрт.