Популарната пејачка Ријана реши да создаде машка колекција на црвена секси долна облека за Денот на вљубените, која предизвика бројни реакции во јавноста.
На страницата на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“, покрај колекцијата за жени, има фотографии од мажи кои промовираат парчиња од новата колекција наречена „Glossy Flossy“, а покрај боксерките со црвени срца, има и разни парчиња од секси долна облека од тантела прилагодена за мажи.
Целта на овој чекор на брендот е родовата еднаквост, но и политиката на „Боди позитив“ со оглед на тоа што нуди долна облека која е наменета речиси за секој облик на телото, но и во сите големини.
Според веб-страницата, линијата на долна облека „ја слави бестрашноста, самодовербата и инклузивноста“.
„Сакаме да се чувствувате секси и да се забавувате додека го правите тоа. Од понуда која може да се користи секој ден до попровокативни парчиња – Savage X Fenty е долна облека за секого“, велат тие.
Цените на овие парчиња се движат од 20 до 45 долари. Во оваа кампања се вклучени и некои познати личности, како ќерката на познатата пејачка Мадона, Лурд Леон.
OH RIHANNA. pic.twitter.com/aYN8kbjrBG
— Your Favorite Interior Designer 🤞🏾✨ (@twhitson26) January 18, 2022
nbsp;