Пејачката и сопственичка на козметичка линија, Ријана, се најде на 1729. место на листата со милијардери за 2022 година на светскиот економски магазин „Форбс“. Таа на оваа листа со богатство од 1,7 милијарди, се најде како најдобра рангирана пејачка во светот.
Богатството главно го црпи од козметичката линија „Fenty Beauty“. Во 2020 година Риана генерираше приход од околу 550 милиони американски долари. Таа стана првата личност од островот, а од неодамна и од републиката Барбадос, која се најде на листата на „Форбс“.
Покрај неа на листата беа и Кание Вест и Џеј Зи. Кание е на 1513 место со вредност од две милијарди долари, додека Џеј Зи е на 2076 со вредност од 1,3 милијарди долари.
Според „Форбс“, Илон Маск е најбогатиот човек на светот. Неговата вредност се проценува на 219 милијарди долари.