Рис Витерспун и ќерката Ава речиси како сестри близначки

Американската актерка и оскаровка Рис Витерспун (46) на социјалните мрежи сподели фотографии со нејзината ќерка Ава Филип (22). Таа има 28,2 милиони следбеници. Она што фановите го забележаа е големата сличност, па многумина искоментираа дека тие изгледаа како сестри.

Инаку ќерката на Рис, Ава се занимава со манекенство и глума.

Неодамна, Витерспун во интервју зборувуваше за воспитувањето на Ава откако таа забременила на 22 години.

„Немав голема поддршка со моето прво дете и многу рано сфатив дека работите нема секогаш да одат како што ги замислуваме“, изјавила актерката.

Рис со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Рајан Филип (47) има две деца, Ава и Дикон, кои неодамна дебитираа како актери. Поранешниот пар се раздели во 2008 година, а таа и нејзиниот сопруг Џим Тот го добија синот Тенеси.




Scroll to Top