Рита Ора најавена е како гостинка за време на полуфиналната пауза на овогодинешната Евровизија, која ќе се одржи во Ливерпул.
Првото полуфинале ќе го отвори водителката Јулија Санина изведувајќи дел од песната Mayak на нејзиниот бенд The Hardkiss, додека подоцна Рита ќе изведе микс од некои од нејзините најголеми хитови плус светската ексклузивна на нејзиниот нов сингл, Praising You.
Ќе настапи и украинската пејачка Аљоша, која ја претставуваше Украина на Евровизија во 2010 година, како и британската музичарка Ребека Фергусон.
Марија Јаремчук, која ја претставуваше Украина на Евровизија 2014 година, во второто полуфинале ќе настапи заедно со раперот ОТОЈ и 14-годишната претставничка на Украина на минатогодишниот детски Евросонг Злата Џиунка.
Наскоро ќе бидат објавени и кои музички ѕвезди ќе се појават за големото финале.
За потсетување, овогодинешниот Евросонг ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија, а преку полуфиналните вечери гледачите пред малите екрани и публиката ќе ги предводат актерката Хана Вадингам, музичарката Алеша Диксон и украинската пејачка Џулија Санина.
Во финалната вечер ќе им се придружи и познатиот водител Греам Нортон.
View this post on Instagram