Рита Ора влезе во Австралија, а 40.000 Австралијци се блокирани поради карантинот.
Австралиската влада се најде на удар на јавноста и опозицијата поради тоа што ѝ дозволија на пејачката Рита Ора (30) да влезе во земјата и покрај затворањето на државните граници.
Британската пејачка, која ќе се појави во шоуто The Voice Australia како професорка по пеење и супервизор, во моментот престојува во хотел, каде што минува карантин од 14 дена.
Членовите на опозицијата и австралиската лабуристичка партија ја критикуваа одлуката на владата да ѝ дозволи на Ора да влезе во земјата пред таква можност да добијат австралиските граѓани од светот, кои сè уште се обидуваат да се вратат дома.
Сè уште има 40.000 Австралијци блокирани во странство. Секоја позната личност што ќе заземе место во карантин му го одзема правото со тоа место на Австралиецот, кој чека да се врати дома, изјави портпаролката на опозицијата, Кристина Кенеали.
Таа исто така го критикува премиерот на земјата, Скот Морисон, велејќи дека ова е уште еден пример за оставање на Австралијанците на цедило.
Рита Ора не се организира да го заврши 14-дневниот карантин во приватна организација, што значи дека нејзиниот престој во хотелот зафатил едно од малкуте слободни места за австралијанските граѓани, изјави Кенеали.