Холивудскиот глумец Роберт де Ниро е пред банкрот, пренесуваат светските медиуми. Како што пишуваат тие, пандемијата на коронавирусот го уништила Де Ниро финансиски и тој може да застане на нозе, само во случај да заработи годинава 7,5 милиони долари.
Неговата финансиска состојба беше откриена неодамна за време на судската битка со својата поранешна сопруга Грејс Хајтауер, со која се разведе во 2018 година.
Таа поднела барање за зголемување на месечната граница на кредитните картички од 50.000 на 100.000 американски долари. Дополнителната финансиска состојба му беше отежната на Де Ниро кога и рестораните во кој има тој удел, беа делумно затворени поради коронавирусот.
„Де Ниро мораше да позајмува од деловните партнери затоа што, едноставно, немаше пари. Тој ќе има среќа ако направи 7,5 милиони американски долари оваа година“, изјавил неговиот адвокат.
Де Ниро, најверојатно, ќе заработи само 2,5 милиона американски долари во текот на следните неколку месеци и години бидејќи снимањето на филмот Killers Of The Flower Moon е одложено поради пандемијата.
Судскиот совет на Врховниот суд во Менхетн на крајот му дозволи на Де Ниро да ја задржи границата за кредитна картичка на 50.000 американски долари месечно, но му нареди да ѝ плати на Хајтауер 75.000 американски долари за да може да најде летен дом за неа и нивните две деца, 8-годишната Хелен и 21-годишната Елиот.