Американскиот актер Роберт де Ниро со помош на технологијата значително го подмлади својот изглед, за потребите на новиот филм под името „Ирецот“. Технологијата ја развила компанијата „ Industrial Light & Magic“, која ја основа Џорџ Лукас.
Во филмот на Netflix, кој се случи под режисерската палка на Мартин Скорсезе, 76-годишниот Де Ниро го глуми Ширан од неговата 34-та година, односно од 1955 до смртта во 2003 година, на 83-годишна возраст.
Соработката меѓу Скорсезе и Де Ниро почнува со филмот „Улиците на злото“ од 1973 година, филм кој ги прослави и двајцата. Тие уште пред 12 години почнале да ја планираат филмската адаптација на книгата „I Heard You Paint Houses“ на Чарлс Бранд.
Покрај Де Ниро гавната улога ќе ја има и Ал Пачино. Филмот е сниман на 117 различни локации, а за негова реализација потрошени биле 160 милиони долари. Премиерата на филмот на „Нетфликс“ се очекува да се случи на 27 ноември. Форшпаонот премиерно бил прикажан на филмскиот фестивал во Њујорк.