Актерите Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се повторно заедно. Се запознаа во 2008 година на снимањето на филмот „Самрак“ и беа во врска до 2013 година кога медиумите открија дека Стјуарт го изневерила Патинсон со режисерот Руперт Сандерс. Кога раскинаа, Роберт се сврши со пејачката ФКА Твигс, а Кристен призна дека е лезбијка и до неодамна се гледаше со манекенката Стела Максвел.
Близок пријател за магазинот „ОК!“ открил дека последните неколку недели актерите се повторно заедно. Тој рекол дека засега ја кријат врската, ама дека помеѓу нив постои хемија и дека по пет години еден без друг, сега се подготвени да си дадат нова шанса.
Магазинот пишува дека по ова, Роберт е најголемиот папучар во Холивуд.