Роберт Патинсон е ново заштитно лице на брендот „Диор уомо“ за колекцијата есен-зима 2018. Патинсон повторно соработува со Карл Лагерфелд, кој беше задолжен за фотографирањето, а сесијата е направена во студио во Париз.
Француската модна куќа соопшти дека Патинсон е совршен избор и вистински маж кој со својата елеганција, стил и извесна доза бунтовност може да ја претстави новата облека.