Роберт Патинсон ја раскина свршувачката

Холивудскиот актер Роберт Патинсон и неговата свршеница, пејачката ФКА Твигс, веќе не се заедно. Иако во последно време не одеа заедно на јавни настани, првата потврда за раскинувањето дојде на Модната недела во Лондон кога пејачката се појави без свршеничкиот прстен.

Вестите за нивното раскинување ги потврдил и близок пријател на двојката. Тој додал дека Роберт ја раскинал свршувачката и дека во еден момент изјавил дека е уморен од врската.

„Во последно време сè помалку се гледаа, тоа траеше со месеци. На Роберт му беше доста од таквата врска и одлучи да стави крај. Тешко му беше да ја донесе оваа одлука, но беше повеќе од очигледно дека тие не функционираат добро како пар“, рекол неговиот пријател за „Дејли мејл“.

 

Scroll to Top