Роберто Карлос по разводот заврши на улица

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос се пресели во спортските објекти на својот поранешен клуб Реал Мадрид по разводот со Маријана Лукон, пренесуваат шпанските медиуми.

Познатиот лев бек на кралскиот клуб е во процес на развод по 15 години брак со жената со која има две деца.

Роберто и Маријана беа во брак од 2009 година, но откако се разделија, следуваше бракоразводна парница, која воопшто не беше пријатна.

Двајцата треба да поделат богатство вредно околу 160 милиони евра. Бидејќи најголемиот дел од имотот е стекнат за време на бракот, тој треба да се подели на два еднакви дела, но работите очигледно не одат мазно.

Родителите на Маријана живеат на еден од имотите на Карлос, додека таа и нејзините деца престојуваат во нивната главна вила.

Бразилецот нема право да го користи имотот за време на парницата, па се пресели во просториите на Реал Мадрид, за кој сега работи во маркетинг секторот. Моментално живее во комплекс што фудбалерите го користат за карантин.

Не му оди добро ниту финансиски, бидејќи платата што моментално ја зема од кралскиот клуб е повеќе од симболичен тип.

Покрај тоа, Роберто Карлос има вкупно 11 деца од различни врски и еден брак, за кои треба да плати издршка, па не е во најдобра ситуација.

Scroll to Top