Роби Вилијамс ќе умрел од труење со храна

Пејачот Роби Вилијамс откри дека за малку ќе умрел од труење со храна. Пејачот откри дека имал труење со жива, откако изел премногу риба. Тој стана веган во 2017 година, а од неодамна почнал многу да јаде риба и месни производи.

На една од послените негови контроли на лекар, тој дознал дека имал труење со жива, поради прекумерно јадење морски плодови.

„Јадев риба два пати на ден и затоа имав најголемо труење со жива што кога било го видел мојот доктор“, изјавил Роби во интервју за „Радио Икс“.

Пејачот вели дека не сакал да оди на лекар и дека неговата сопруга Ајда Филд на сила го натерала.

„Отидов на лекар бидејќи мојата сопруга испаничи и постојано ме тераше да направам преглед. Му благодарам на господ за тоа што сум жив. Можев да умрам од труење со жива и арсен“, изјавил Роби, додавајќи дека веднаш наредниот ден се вратил на растителната исхрана.

Scroll to Top