Роби Вилијамс по десет години повторно со концерт во Хрватска

Британскиот пејач Роби Вилијамс, по десет години повторно се враќа во Хрватска, каде ќе одржи два концерти во Пула Арената. Концертите ќе се одржат на 27 и 28 јуни следната година. Вилијамс последен пат одржа концерт во Хрватска пред десет години на стадионот Максимир.

Овој пат се враќа преку турнејата ХХV во која ќе биде претставена неговата 25 годишна кариера, како еден на најголемите збавувачи на денешницата. Британската поп икона за настапот во Хрватска го одбра стариот амфитеатар каде бројот на места ќе биде ограничен. Вилијамс ќе потсети на хитовите од целата кариера.

На концертите ќе настапи со песни кои ќе се најдат и на неговиот најнов компилациски албум, кој е наречен исто како и турнејата XXV. Хитовите ќе бидат изведени во придружба на оркестарот Метропола, со дополнителни пет нови песни, од кои Lost е избрана како последна.

За потсетување, од 1995 година, кога почна соло кариера, Вилијамс има продадено повеќе од 85 милиони албуми низ светот, со што стана еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња. 13 од неговите албуми се најдоа на првото место на британските топ листи. Досега оваа бројка ја имаше само Елвис Присли.

Вилијамс има најмногу освоени „Брит“ награди. Од 18-те, четири му се за најдобар машки изведувач, двапати беше наградуван за извонредни достигнувања во музиката. Доби награда за неговиот придонес во британската култура и беше вклучен во Музичката сала на Обединетото Кралство.

Славата ја достигна откако беше прогласен за најголемиот уметник на 90-тите. Помеѓу бројните награди, го држи и Гинисовиот светски рекорд за најголем број продадени билети за концерт во еден ден, дури 1,6 милиони и најголемиот настап во Велика Британија, 375.000 посетители во текот на три дена настапи.

 

 

 

 

 

Scroll to Top