Легендарниот музичар Род Стјуарт одлучи дека повеќе нема да биде пријател со претседателот Доналд Трамп.
Како главна причина, Род Стјаурт ја наведе континуираната поддршка на администрацијата на Доналд Трамп за бруталната израелска воена кампања во Газа, во која, според Министерството за здравство на Газа, повеќе од 55.000 Палестинци се убиени од октомври 2023 година, објави huffpost.com.
Стјуарт неодамна даде интервју за Радио Тајмс за да го промовира својот настап на фестивалот Гластонбери, само за да се соочи со Трамп, британскиот премиер Кир Стармер и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху – откако беше прашан дали сè уште го смета Трамп за пријател.
„Не, повеќе не можам“, рече Стјаурт, а потоа продолжи: „Сè додека им продава оружје на Израелците – и сè уште го прави тоа. Кoga некогаш ќе престане оваа војна? Треба да престанеме да им продаваме. Што рече Стармер вчера? Се откажаа од трговските преговори?“.
Потоа додаде: „Каква крвава разлика ќе направи тоа? Некој мора да направи нешто. Она што Нетанјаху им го прави на Палестинците е токму она што им се случи на Евреите. Тоа е уништување, и тоа е сè што сака – да се ослободи од сите нив.“
„Не знам како спијат ноќе“, додаде тој.
Ова не е прв пат Стјуарт да го критикува Трамп.
Сепак, Стјуарт често се дружел со поранешниот магнат за недвижности.
Во последното интервју, тој објасни дека живее „буквално 80 километри“ од одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго, во Флорида и дека некогаш „го познавал многу, многу добро“.