Родителите ме тераа да абортирам на 16 години за да не ѝ ја уништам кариерата на Бритни, открива сестрата на светската ѕвезда

Помладата сестра на Бритни Спирс, Џејми Лин, во нејзината книга „Работите кои требаше да ги кажам“, откри за нејзиното тешко минато и за тоа како родителите ја терале да абортира само за да не ѝ ја уништи кариерата на сестра си.

Таа напиша дека кога имала 16 години останала бремена, а родителите тоа сакале да го сокријат од јавноста.

„Луѓе кои ми беа блиски доѓаа во мојата соба и се обидуваа да ме убедат дека во мои години да родам дете е ужасна грешка. Дека тоа ќе и ја уништело кариерата на Бритни, дека јас сум била премлада и дека не знам што правам. Ми нудеа и таблети со кои можев да го решам овој проблем и дека ќе ми побараат доктор“, обвини Џејми, која објасни дека сите околу неа сакале овој проблем да исчезне.

Родителите ѝ го одземале и мобилниот телефон, за случајно не открие на други дека е бремена. Не ѝ било дозволено да ѝ каже ниту на Бритни за нејзината состојба.

„Бритни ми беше најпотребна тогаш, а таа ја немаше. Тоа што не можев да ѝ кажам на родената сестра за тоа што ми се случува, е нешто што ме боли до ден денес“, признала Лин.

За потсетување, нивниот татко Џејми Спирс, по 13 години долго судење, се откажа од старателството кое го имаше над Бритни. Сега за поп-пејачката одговорен е Џон Забел, сметководителот кој Биртни го избра заедно со адвокатот.

Обожавателите на пејачката и движењето „Ослободете ја Бритни“ покрај Џејми, ја обвинија и Лин дека работела против нејзината сестра. Многумина тврдат дека таа во повеќе наврати сакала да ѝ го загорчи животот.

 

Scroll to Top