Кристијано Роналдо ја презеде медиумската компанија „Кофина Медиа“ за 57 милиони евра. Секој вработен во компанијата, чии дел се бројни списанија и водечката мрежа „ЦМТВ“, доби бонус лично од Роналд.
Секој работник добил чек од 1.250 евра.
„Вработените добија известување преку електронска пошта во врска со исплата на бонус. Тоа е знак на благодарност до сите кои се дел од оваа голема компанија“, пишуваат португалските медиуми.
Новинарите од „Кофина Медиа“, често имале задача да го следат приватниот живот на Роналдо, а тој ги тужел 11 пати. На крајот решил да ја купи целата компанија и да ги задржи сите вработени.
„Единствената промена е поврзана со името. Сега ќе се вика „Експресао Ливре“. Не се чувствуваме пријатно од она што се случуваше, но никој не се плаши дека ќе остане без работното место“.
„Знаеме дека често сме го малтретирале, со или без причина, но тој ја разбира нашата работа. Особено се среќни спортските новинари. Секој кој мисли дека Роналдо ќе отпушти некого, греши”, рекол еден од вработените.
Текстот Роналдо ја купи компанијата која ја тужел 11 пати, на вработените веднаш им поделил бонус е превземен од МАКФАКС.