Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, се пофали дека сексот со неговата партнерка Георгина бил подобар и од неговиот најдобар гол.
Во емисијата „Добро утро, Британијо“ на Пирс Морган, Роналдо рече дека најубав гол му биле ножичките за Реал Мадрид против Јувентус во Лигата на шампионите. Но, тоа не се споредува со искуството што го имал со Родригез во креветот.
„Со години се обидував да дадам таков гол. Имам дадено повеќе од 700 гола, но никогаш со ножички. Начинот на кој го направив тоа против големиот Буфон и неговиот Јувентус во Лигата на шампионите беше неверојатен. Тоа беше прекрасен гол. Мислам дека тоа беше мојот најдобар гол. Но, исто така тоа не можам да го споредам тоа со искуството што го имам во кревет со мојата Георгина“, рече тој.
Неговиот гол со глава беше исто така пресуден во победата од 3:0 против Јувентус во првиот четвртфинален натпревар таа година.
И неговиот поранешен тренер Зиденин Зидан бил воодушевен од тој гол, објасни Роналдо, кој сега сака да ја подигне врската со 27-годишната Родригез на едно повисоко ниво затоа што на тој начин ќе ѝ го оствари и сонот на мајка си.
„Еден ден ќе се венчаме, тоа е сигурно. Тоа е сон и на мајка ми. Таа е совршена и истовремено ми е и партнерка и пријателка. Можам да разговарам со неа и да ѝ го отворам срцето. Истото може и таа да го направи со мене“, рече Роналдо.
За потсетување, петкратниот добитник на „Златната топка“ во 2016 година ја почна врската со Родригез. Тие имаат пет деца.