Филмот „Барби“, ја имаше својата европска премиера вчера во Лондон. Марго Роби, Рајан Гослинг и екипата прошетаа по розов тепих за да се нагласи естетиката на филмот.
Облечена како Барби од 1960-ите, Роби носеше бледо розев фустан на Вивиен Вествуд.
„Многу сум возбудена, дојдовме до точката кога филмот го споделуваме со светот. Верувам дека многу луѓе ќе го гледаат филмот, кој е визија на режисерката Грета Гервиг. Визијата за Барби почна пред 64 години, но Грета ја носи во денешниот свет на нејзин својствен начин“, изјавила Роби.
Гослинг, кој го игра Кен, вели дека неговите деца го инспирирале да го снима филмот.
„Разни Барби работи во исто време ми се најдоа дома, и куклата и филмот. Тоа беше како Барби лавина. Еден ден ја собирав куклата Кен од дворот, следниот ден бев Кен“, раскажал Гослинг.
Филмот во Скопје ќе почне да се прикажува во Синеплекс од 20 јули.