Руски олигарх, чија поранешна сопруга беше забележана со Том Круз, ја предупреди ѕвездата на филмот „Невозможна мисија“ да биде подготвен да го „држи паричникот широко отворен“ бидејќи таа има „скап и луксузен вкус“, пишува британски „Дејли мејл“.
61 – годишниот Круз во саботата беше забележан како се опушта со 36-годишната Елсина Кајрова на забавата на лондонски „Мејфеир“.
Поранешниот сопруг на Кајрова, Димитри Цетков, го предупреди Круз и му укажа дека потрошил зачудувачки 10 милиони фунти за облека и уште 2 милиона фунти за чанти за време на нивниот бурен 11 – годишен брак.
“Без оглед на оној со кого и да е, Том Круз или кој било друг, тие треба да бидат свесни дека таа сака повисоки работи во животот и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите и паричникот широко отворени“, изјавил рускиот олигарх и додал “Среќен сум за неа, ѝ посакувам се најдобро“.
Цетков, кој е во бизнисот со дијаманти и рударство, три години се разведувал со Кајрова, разводот го чинел 150 милиони фунти.