Сeлма Хаек плачела по секс-сцената со Антонио Бандерас во „Десперадо“

Глумицата Сeлма Хаек во гостувањето во подкастот „Експерт за фотелји“ од Декс Шефард и Моника Падман, открила за траумите кои ги имала за време на снимањето на филмот „Десперадо“ со својот колега Антонио Бандерас.

Таа вели дека во филмот што го режирал Роберт Родригез плачела по секс-сцената со Бандерас. Признала дека била исплашена и дека се почувствувала посрамотено.

„Бев исплашена. Почнав да плачам на сетот. Ми беше многу страв. Помислив дека нема да можам да снимам. Најмногу се плашев од Антонио. Тој беше многу драг, но ме плашеше неговата слобода. Нему му беше лесно да ги снима таквите сцени, а јас постојано плачев. Со Родригез и двајцата беа неверојатни. Не ме присилуваа на ништо. Беа свесни дека тоа за мене беше трауматско искуство, па се обидуваа да ме насмеат. Се сеќавам дека не ја испуштав крпата со која бев покриена, но некако и тоа успеавме да го снимиме“, се потсети Хаек, која вели дека до ден-денес е во одлични односи со Бандерас.

Таа вели дека целата приказна можеби од денешна перспектива е смешна, но и исто така смета дека жените денес се пооптоварени со работи што мажите не ги интересираат.

„Постојано размислував за мојот татко и мојот брат. Се прашував дали ќе го видат и тие мојот филм. Како ќе реагираат и другите луѓе што ги познавам. Машките глумци не мораат да се справуваат со тој проблем. Нивните татковци веројатно ќе бидат горди што синовите им глумат мачо-типови во кревет“, раскажала Сeлма.

Прославената холивудска глумица првата улога во мексиканските теленовели ја имаше на крајот на 80-тите години, но во Холивуд се проби малку подоцна. Вели дека на почетокот на кариерата се борела со совладувањето на англискиот јазик.

 

Scroll to Top