Актерката Салма Хајек со слика во бикини го одбележа „Светскиот ден на бикините“.
„Можете ли да верувате дека бикините постои само 77 години. Да се надеваме дека нема да бидат забранети“, напишала 56-годишната актерка.
„Вие сте доказ дека жената може да изгледа убаво и на 60 години“, „За разлика од другите, таа не го покрива лицето со шминка“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Актерката следно ќе се појави во улога во филм на Анџелина Џоли „Без крв“. Нема многу детали за филмот, а не се знае ниту кога ќе излезе.
Единствено е познато дека се работи за воена драма во која Демијан Бичир и Хуан Минуџин ги играат главните улоги покрај Хајек.