Сандра Булок била сексуално вознемирувана

Актерката Сандра Булок деновиве го промовира филмот Ocean’s 8 во кој глуми со Кејт Бланшет, Ен Хатавеј и Ријана. Во интервју за магазинот „Инстајл“ освен што зборува за филмот, таа признала дека била жртва на сексуално вознемирување кога имала 16 години.

„Можам со сигурност да кажам дека не постои друга личност која ја знам, а не доживела некаков вид вознемирување или не знае некој кому тоа му се случило. Ми се случи и мене кога имав 16 години. Се чувствуваш парализирано. До неодамна беше срамота да си жртва“, рече Булок.

Според неа, движењето „Времето истече“ не постои само заради актерките, туку за самохраните мајки кои се злоопотребувани, малтретирани и сексуално вознемирувани.

„Лесно е да се даде пари на луѓето кои се неверојатно храбри и отворени“, рекла актерката која донираше половина милион долари за движењето.

Scroll to Top