Сандра Булок, и по осум години, има трауми од ноќта кога ѝ провалиле дома: Мислев дека ќе умрам бргу

Актерката Сандра Булок во емисијата Red Table Talk откри дека повремено е анксиозна и дека со овие проблеми почнала да се бори уште во 2014 година, кога ѝ провалиле дома.

Актерката раскажа дека една вечер слушнала гласно чукање во својот дом. Таа станала да ја заклучи вратата од спалната соба и се скрила во плакарот, па мислела дека ќе умре. Сандра додала и дека ѝ олеснило што син ѝ Луис не бил со неа таа ноќ.

„Ми провалија додека бев дома. Се криев во плакарот и си велев во себе дека ова нема добро да заврши“, рекла глумицата во интервјуто и кажала дека по инцидентот, одела на психотерапија.

Провалникот влегол во куќата на дадилката на Луис, но не и во главната куќа, но по инцидентот, Сандра веќе не сака ноќе да е сама.

„Оттогаш повеќе ниту една ноќ не беше иста. Се распаднав. Од таа вечер повеќе никогаш не можам да бидам сама“, рекла Булок.

 

Scroll to Top