Сара Хардинг од „Грлс алауд“ почина на 39 години

Сара Хардинг, пејачката на некогашната британска група „Грлс алауд“, почина од рак на дојката на 39 години.

„Со тага и скршено срце денес ја споделувам веста дека мојата прекрасна ќерка Сара, за жал, почина. Многумина од вас знаат за битката на Сара со ракот и дека таа се бореше силно од моментот на нејзината дијагноза до нејзиниот последен ден. Сакам да им се заблагодарам на сите за нивната љубезна поддршка во текот на изминатата година. Тоа ѝ значеше многу на Сара и ѝ даде голема сила и утеха бидејќи знаеше дека е сакана“, напиша нејзината мајка Мери на Инстаграм.

Хардинг лани откри дека ѝ е дијагностициран тумор во поодмината фаза, кој почнал да се шири и низ телото. Пејачката во август направи операција за отстранување на градите, а потоа одеше и на хемотерапија, но не успеа да ја победи болеста.

Пред смртта, Сара ја објави книгата „Слушни ме“, во која пишува за нејзиниот живот како поп-ѕвезда, но и раскажува за борбата со ракот до почетокот на оваа година.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top