Познатата пејачка со албанско потекло Бебе Реџа имаше инцидент на својот настап во Њујорк. Некој од публиката фрли мобилен телефон во нејзин правец и ја удри главта, по што пејачката падна на колена. Веднаш ѝ беше укажана помош и има три конци на главата. Таа вчера се огласи на социјалните мрежи и рече дека се чувствува добро, а во таа прилика ги покажа и повредите кои ги имала од ударот. Николас Малавања (27) набрзо бил приведен, а истрагата утврдила дека тој намерно го фрлил телефонот кон пејачката, пишува „Ролинг Стоун“.
Малавања се појави пред судот и беше обвинет по три точки за малтретирање од прв степен, малтретирање од втор степен и обид за напад од трет степен. Како што понатаму се наведува, освен што признал дека го фрлил телефонот, тој изнедадил и со својата изјава.
„Се обидував да видам дали можам да ја погодам со телефонот на крајот од концертот бидејќи тоа би било забавно“, рекол тој, пренесуваат споменатите медиуми.