Британската актерка Лили Колинс се омажи за филмскиот режисер Чарли Мекдауел. Ѕвездата на серијата „Емили во Париз“ носеше елегантна венчаница од дизајнерот Ралф Лорен. Таа објави слики од венчавката на Инстаграм и откри дека свадбата ја направиле на 4 септември во Дантон Хот Спрингс, Колорадо, една година откако се свршија
„Никогаш повеќе не сум посакувала да бидам нечија отколку сега. Ние пред неколку дена официјално се предадовме еден на друг засекогаш“, напиша таа.
Актерката е ќерка на музичарот Фил Колинс, а режисерот е син на актерите Малколм Мекдауел и Мери Стинбурген.