Канје Вест се ожени со архитектката Бјанка Ценсори само два месеци откако официјално се разведе од Ким Кардашијан, пренесуваат американските медиуми.
Раперот се венчал на приватна церемонија со Бјанка, а парот бил забележан како носи венчални прстени, пренесува Дејли мејл.
Се уште не е познато колку време парот е заедно. Неодамна медиумите пишуваа раперот е во врска до извесна Јулијана Нала.
Дејли мејл пишува дека бракот помеѓу Кајне и Бјанка не е легитимен бидејќи парот не поднел барање за извод од матична книга.
Канје бил забележан на ручек во ресторан со неговата нова сопруга.