Актерот Остин Батлер и моделот Емили Ратајковски неодамна беа фотографирани на интимна вечера во познатиот ресторан „Вејверли Ин“ во Њујорк.
Според инсајдер за блогот „Deux Moi“, двојката уживала во лежерен разговор и пијалоци, а настанот траел повеќе од два часа. Емили пиела мартини, додека Батлер, како вистински господин, пиел виски.
Austin Butler and Emily Ratajkowski spotted out to dinner in New York City pic.twitter.com/tHZrvp3jss
— Austin Butler News (@AButlerNews) September 6, 2025
Иако немало јавни испади на нежност, изворите тврдат дека Емили се наведнала кон Батлер неколку пати, и дека актерот во еден момент ја ставил раката преку рамо.
Фотографиите од таа вечер се појавија и на социјалните мрежи, а на Икс веќе започна дискусија за новиот пар во светот на познатите личности.
Вљубените сè уште не ги коментирале овие шпекулации, меѓутоа, нивните вечерни средби нè потсетуваат на почетокот на една ветувачка љубовна приказна.
Батлер претходно беше во тригодишна врска со Каја Гербер, додека Ратајковски зад себе има брак со бизнисменот Себастијан Баер-Меклард, со кого има син, Силвестер.
фото: принтскрин