Бившата девојка на принцот Хари, Челзи Дејви, доби син, пишува Daily Mail. Таа се породила минатиот месец во една од болниците во Лондон. Синот го кристила Лео. Веста беше изненадување за многумина со оглед на тоа што малкумина и знеаја дека таа е бремена.
Засега не е познато ни кој е таткото. Челзи во 2020 година рече дека имала сериозна врска, но не откри со кого.
„Имам некого во мојот живот. Нов е и не сакам многу да зборувам за него“, рече тогаш Челзи.
Хари и Челзи излегуваа неколку години, а прекинаа по големиот број медиумски притисоци и несогласувања. Во јавноста имаше шпекулации дека Челзи го малтретирала Хари со големиот број телефонски повици. Една година подоцна тој почна да се гледа со Меган.