Американската модна дизајнерка Кејт Спејд вчера била пронајдена мртва во својот стан на Парк авенијата. Според „Њујорк Тајмс“, 55-годишната Спејд се обесила со црвена шамија.
Телото на дизајнерката го пронашла домашната помошничка која повикала полиција. Според првичните информации, дизајнерката оставила проштална порака, но полицијата не открива што пишувало во неа. Сопругот на дизајнерката бил цело време присутен додека траела истрагата, но не се знае каде се наоѓала нивната ќерка.
Кејт Спејд е позната како дизајнерка од првиот бран современи американски дизајнери. Нејзиниот подем започнал во ’90-те години. Изградила бренд за облека и асесоари препознатливи по класичниот изглед. Спејд, пак, била препознатлива по фризурата од ’60-те и големите очила. Својата компанија ја продала 1999 година. Пред две години со својот сопруг и двајца пријатели ја основала новата линија за асесоари Frances Valentine.